Марс (планета)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Оваа страница се однесува на планетата Марс. За други значења видете Марс (појаснување).
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Марс гледан од „Викинг 1“ во 1981 г. | |||||||||||||
Ознаки | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Орбитални особености[1] | |||||||||||||
Епоха J2000 | |||||||||||||
Афел | 249,209,300 км 1.665 861 ае | ||||||||||||
Перихел | 206,669,000 км 1.381 497 ае | ||||||||||||
227,939,100 км 1.523 679 ае | |||||||||||||
Занесеност | 0.093 315 | ||||||||||||
686.971 дена 1.8808 јул. години | |||||||||||||
779.96 дена 2.135 Julian years | |||||||||||||
Просечна орбитална брзина | 24.077 км/с | ||||||||||||
Наклон | 1.850° до еклиптиката 5.65° до сончевиот екватор 1.67° до непроменливата рамнина[2] | ||||||||||||
49.562° | |||||||||||||
286.537° | |||||||||||||
Познати сателити | 2 | ||||||||||||
Физички особености | |||||||||||||
Екваторски полупречник | 3,396.2 ± 0.1 км[a][3] 0.533 Earths | ||||||||||||
Поларен полупречник | 3,376.2 ± 0.1 км[a][3] 0.531 Earths | ||||||||||||
Сплеснатост | 0.005 89 ± 0.000 15 | ||||||||||||
144,798,500 км2 0.284 Earths | |||||||||||||
Зафатнина | 1.6318×1011 км2 0.151 Earths | ||||||||||||
Маса | 6.4185×1023 kg 0.107 Earths | ||||||||||||
Средна густина | 3.934 g/cm³ | ||||||||||||
3.69 m/s² 0.376 g | |||||||||||||
5.027 км/с | |||||||||||||
Ѕвезден вртежен период | 1.025 957 day 24.622 96 h[4] | ||||||||||||
Екваторска вртежна брзина | 868,22 км/ч | ||||||||||||
25.19° | |||||||||||||
Северенополна ректасцензија | 21 ч 10 м 44 с 317.681 43° | ||||||||||||
Северенополна деклинација | 52.886 50° | ||||||||||||
Албедо | 0.15[5][6] | ||||||||||||
| |||||||||||||
+1.8 to −2.91[5] | |||||||||||||
3.5—25.1"[5] | |||||||||||||
Атмосфера | |||||||||||||
Површински притисок | 0,6–1,0 кПа | ||||||||||||
Состав по зафатнина | 95,72% јаглерод диоксид 2,7% азот | ||||||||||||
Марс е четвртата планета од Сонцето со просечна оддалеченост од 227.940.000 км (1,52 ае). Нејзиниот пречникот изнесува 6.794 км (речиси двојно помал од тој на Земјата), со што, според големината, таа е седмата планета во Сончевиот Систем. Планетата веројатно го добила името заради својата црвена боја, така што понекогаш се нарекува и „Црвената планета“. Инаку, Марс е богот на војната во римската митологија.
Првото вселенско летало кое ја посетило планетата Марс е „Mariner 4“ во 1965 година, по што следеле уште неколку други, меѓу кои и Mars 2, првата сонда која слетала на Марс. Други поуспешни мисии на Марс се двете летала Viking од 1976, како и Mars Pathfinder од 1997 година.