Мацерација (вино)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Мацерација — сложен технолошки процес при производството на вино, при кој фенолните материи од грозјето - танините, средствата за пигментација (антоцијани) и букетните материи преминуваат во ширата. Мацерацијата е процес во кој црвеното вино ја добива својата црвена боја, затоа што сокот од сурово грозје има бистро-сивкава боја. При производството на бели вина, мацерацијата или е ограничена на сосема краток контакт на лушпата од грозјето со сокот пред гмечењето, или сосема се избегнува.[1]
Иако мацерацијата како техника обично се поврзува со виното, истата се користи и при производство на други пијалаци.