Мексико (сојузна држава)
сојузна држава во Мексико / From Wikipedia, the free encyclopedia
Сојузната држава Мексико (шпански: Estado de México, изговорена Естадо де Мехико) е една од 32-те федерални единици на Мексико. Таа е најнаселена, како и најгусто населената држава. Поделена е на 125 општини и главен град е Толука де Лердо .
Сојузна држава Мексико Тлахтохкајотл Мешихко Tlahtohcayotl Mexihco | |||
---|---|---|---|
Сојузна држава | |||
Estado Libre y Soberano de Mexico | |||
| |||
Гесло: Libertad, Trabajo, Cultura(Слобода, работа, култура) | |||
Химна: Himno al Estado de México (Химна на сојузната држава Мексико) | |||
Држава | Мексико | ||
Престолнина | Толука де Лердо | ||
Најголем град | Екатепек де Морелос | ||
Најголема метро област | Големо Мексико | ||
Прием | 20 декември 1823[1] | ||
Ред | 1ва | ||
Управа | |||
• Гувернер | Алфредо дел Мазо Маза | ||
• Сенатори[2] | Делфина Гомес Алварез Игинио Мартинес Миранда Хуан Мануел Зепеда Ернандес | ||
Површина[3] | |||
• Вкупна | 22.351 км2 (8,630 ми2) | ||
25та по површина | |||
Најг. вис.[4] | &100000000000055000000005.500 м | ||
Население (2015)[5] | |||
• Вкупно | 16,187,608 | ||
• Ранг | 1ва | ||
• Густина | 0,00.072/км2 (0,0.019/ми2) | ||
• Ранг | 1ва | ||
Демоним | Мешиканец (Mexiquense) | ||
Час. појас | ЦЧП (UTC−6) | ||
• Лете (ЛСВ) | ЦЧПЛВ (UTC−5) | ||
Поштенски број | 50-57 | ||
ISO 3166 | MX-MEX | ||
ИЧР | ▲ 0.782 висок 15та по ИЧР | ||
Бруто-домашен производ (Номинален) | $91 милијарда[a] ·2ра по БДП | ||
Мреж. место | Службено мрежно место | ||
^ a. БДП-то на сој. држава Мексико било 1,230,628 милиони пезоси во 2015,[6] еднакво на 71.25 милијарди долари на САД, кога доларот вредел 17.2710 пезоси (вредност од 30 декември 2015).[7] |
За сојузната држава Мексико честопати се користи кратенката „Едомекс“ од „Estado de Méxicо“ на шпански јазик, за да се разликува од името на целата земја. Сместена е во југо-средишно Мексико. Се граничи со државите Керетаро и Идалго на север, Морелос и Гереро на југ, Мичоакан на запад, Тласкала и Пуебла на исток,[8] и го опкружува градот Мексико (поранешната сојузна област) од три страни.
Потеклото на државата е на територијата на Ацтешката империја, која останала како политички дел на Нова Шпанија за време на шпанскиот колонијален период. После независноста, градот Мексико бил избран за главен град на новата нација; нејзината територија била одделена од државата. Неколку години подоцна, делови од државата биле растурени за да формираат држави Идалго, Гереро и Морелос. Овие територијални разделби ја оставиле државата со големината и формата што ја има денес, со долината Толука на западниот дел на градот Мексико и географски издадена површина што се протега околу север и исток од овој ентитет.
Името на сојузната држава е едноставно Мексико според Уставот на Обединетите мексикански држави од 1917 година, но за да се разликуваат и градот и земјата, најчесто се нарекува Естадо де Мехико. Демонимот кој се однесува на луѓето од сојузната држава е Мешиканец (mexiquense), различен од Мексиканец („mexicano“), кој ги опишува луѓето од целата земја.