From Wikipedia, the free encyclopedia
Менг-це (кин. 孟子, наречен и Менциј, најприфатено: 372 – 289 п.н.е.; можеби: 385 – 303 п.н.е./302 п.н.е.) — кинески филозоф, најславниот конфуцијанец по самиот Конфуциј.
Менг-це (孟子) | |
---|---|
Период | древна филозофија |
Подрачје | Кинеска филозофија |
Школа | конфуцијанство |
Претежна дејност | етика, социјална филозофија, политичка филозофија |
Значајни идеи | конфуцијанство |
Влијанија од
| |
Влијаел врз
|
Менг-це, роден како Менг Ке или Ко, се родил во државата Џоу на територијата на денешниот град Цоученг, во провинцијата Шантунг, само 30 км јужно од Ќуфу, родното место на Конфуциј.
Бил патувачки филозоф и мудрец, и еден од главните толкувачи на конфуцијанството. Се мисли дека бил ученик на Конфуциевиот внук, Цесе. Спореден една легенда, како и Конфуциј, тој патувал по Кина четириесет години за да ги советува владетелите за реформи.[1] Служел како висок чиновник за времето на Периодот на завојуваните држави (403–221 п.н.е.) во државата Чи од 319 до 312 п.н.е. Ја изразил својата синовска преданост со тоа што отсуствувал три години од должноста за да ја оплакува смртта на мајка си. Подоцна се повлекол, разочаран од неуспехот да го промени светот околу себе.
Статии од категоријата Кинеска култура |
---|
Основи |
Текстови |
Личности |
Лао Це • Сун Це |
Учења |
Менг-цевото толкување на конфуцијанството било сметано за ортодоскно од страна на подоцнежните кинески филозофи, особено од неоконфуцијанците од династијата Сунг. „Книгата на Менг-це“ е дело во кое тој разговара со кралевите од тоа време, е една од Четирите книги кои Чу Сји како основа за ортодоксната неоконфуцијанска мисла. За разлика од изреките на Конфуциј кои се кратки и воздржани, „Книгата на Менг-це“ се состои од долги дијалози и аргументи.
Додека самиот Конфуциј не се занимавал експлицитно со човековата природа, Менг-це тврдел дека човекот е природно добар, и сметал дека општеството - отсуството на позитивно влијание од него - е тоа што може да го направи човека морално лош. „Оној кој крајно го напрега својот ум си ја познава сопствената природа“[2] и „човекот учи со тоа што си го пронаоѓа изгубениот ум“.[3]
За да ја прикаже вродената добротија, Менг-це користи пример со дете кое паѓа во бунар. Сведоците на немилиот настан веднаш се чувствуваат
„ | тревожно и потресено, не за да се зближат со неговите родители, не за да бидат фалени од соседите и пријателите, ниту пак дека не сакаат да се зборува за нив дека не го спасиле детето...
Сочувството е почетокот на човечноста; срамот и небендисувањето се почеток на правичноста; почитта и согласноста се почеток на пристојноста; и осетот за правилно и погрешно е почеток на мудроста. Луѓето ги имаат овие четири почетоци како што имаат раце и нозе. Имајќи ги овие почетоци, оној кој тврди дека не може да ги развие, паѓа во самопропаст.[4] |
“ |
Менг-це честопати со почит зборувал за системот бунар-поле.
Менг-це го истакнувал значењето на обичните граѓани во државата. Додека конфуцијанството високо ги цени владетелите, Менг-це смета дека поданиците можат да го симнат, па дури и убијат владетелот доколку тој е суров ги запоставува нивните потреби. Според ова гледиште, владетелот кој не владее праведно повеќе не е вистински владетел. Зборувајќи за атентатот врз злобниот крал Џие од Сја, Менг-це рекол, „Сум чул за убиството на обичниот човек Џоу, но не сум чул за [неговото] убиството [како] владетел.“[5].
Менг-це за време на Пролетниот и есенски период, дека праведна војна не постои.
Доколку датите се точни, Менг-це бил современик на Сјин-це, Џуанг-це, Као-це и Платон.
Сјин-це бил конфуцијанец кој сметал дека човечката природа е изворно лоша (но не зла), а дека целта на моралната цивилизација е таа природа да ја претвори во добрина. Менг-це очигледно се спротивставувал на ова. Чу Сји го прогласил ова гледиште за неортодоксно.
Менг-це често се споредува со Платон поради нивните теории за човековата природа. Обајцата биле идеалисти по тоа што верувале во вродената морална добрина на сите човечки суштества.
Менг-цевиот аргумент за соборувањето на неправедниот владетел потсеќа на Сократовиот аргумент во Книга I на Платоновата „Држава“.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.