Метрополска линија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Метрополската линија или „Метрополитен“ (англ. Metropolitan line) е дел од Лондонското метро, по боја виолетова на метро-картата. Ова била првата подземна железница во светот, пуштена во употреба на 10 јануари 1863 (но делови од првобитната линија веќе не спаѓаат во Метрополската, туку во Хамерсмит и Сити, Дистрикт и Кружната линија). Главната линија оди од Олдгејт во Сити до Амершам, со ограноци до Аксбирџ, Вотфорд и Чешам. Во цвојот првичен дел линијата оди воглавно под земја; по Бејкер Стрит, кај Финчли Роуд таа продолжува на отворено.
Боја на карта | Темновиолетова | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Отворена | 1863 | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Тип | потповршинска | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Возови | A и S | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Станици | 34 | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Должина | 66,7 км | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Депоа | Низден[1] | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Извозено | 58 милиони (2002) (годишно) | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Железнички линии
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Четворошинската расположба на дел од линијата — помеѓу Вембли Парк и Мур Парк — дава можност за експресен сообраќај до периферни населби. Бејкер Стрит е последна станица за многу возови, но други го завршуваат патот во Сити и до Олдгејт.