Мечкарица
From Wikipedia, the free encyclopedia
Мечкарица — историско село, сместено во Пелагонија, северозападно од Битола, на левата страна на реката Шемница, на 3,5 км воздушна линија од Стрежевското Езеро. Атарот на ова село денес се води под селото Лопатица. Во XIX век Мечкарица се наоѓало во Битолската каза на Битолска нахија. Според статистиката на Васил К’нчов во 1900 година Мечкарица имала 26 жители[3], додека веќе во 1905 година според Димитар Мишев, селото имало 16 жители.[4] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Мечкарица се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 3 куќи.[5]
Кратки факти
Мечкарица | |
Координати 41°8′53″N 21°14′10″E | |
Регион | Пелагониски |
Општина | Битола |
Население | 0[1] жит. (поп. 2021)[2] |
Шифра на КО | |
Мечкарица на општинската карта Атарот на Мечкарица во рамките на општината | |
Мечкарица на Ризницата |
Затвори
Според пописот од 2002 година, во селото нема жители.[1] Денес од ова село нема остатоци, но топонимот опстојува во катастарот како земјоделски предел.