Микаела Шифрин
From Wikipedia, the free encyclopedia
Микаела Полин Шифрин (англ. Mikaela Pauline Shiffrin; родена на 13 март 1995 година во Вејл, Колорадо) е американска скијачка, двократна олимписка шампионка, шесткратна светска шампионка (рекорд меѓу сите северноамерикански скијачи), трикратен победник во Светскиот куп во генералниот пласман (2016/17, 2017/18, 2018/19), повеќекратен победник во фазите од Светскиот куп (второ место на вечната листа по бројот на победи во женска конкуренција по Линдзи Вон). Единствен спортист кој успеал да победи на 4 последователни светски првенства во алпско скијање во истата дисциплина (слалом - 2013, 2015, 2017, 2019 година).[2][3] Шифрин, со 18 години и 345 дена, е најмлад шампион во алпска дисциплина на Олимписките игри.[4][5][6][7]
Алпски скијач | ||||||||||||||||
Шифрин во октомври 2016 | ||||||||||||||||
Дисциплини | Слалом, Велеслалом, Супервелеслалом, Спуст, Комбинација | |||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Роден(а) | 13 март 1995(1995-03-13) (29 г.) Вејл, Колорадо, САД | |||||||||||||||
Висина | 5 ст 7 ин (170 cм)[1] | |||||||||||||||
Деби на Светскиот куп | 11 март,(на 15 години) | |||||||||||||||
Olympics | ||||||||||||||||
Екипи | 3 – (2014, 2018, 2022) | |||||||||||||||
Медали | 3 (2 gold) | |||||||||||||||
World Championships | ||||||||||||||||
Екипи | 5 – (2013–2021]]) | |||||||||||||||
Медали | 11 (6 gold) | |||||||||||||||
Светски куп | ||||||||||||||||
Сезони | 12 – (2011–2022) | |||||||||||||||
Победи | 74 – (47 СЛ, 14 ВС, 4 СВС, 3 СП, 1 АК, 3 ГН, 2 ПСЛ) | |||||||||||||||
Подиуми | 119 – (66 СЛ, 31 ВС, 8 СВС, 6 СПУ, 1 АК, 5 ГН, 2 ПСЛ) | |||||||||||||||
Севкупни титули | 3 – (2017, 2018, 2019) | |||||||||||||||
Дисциплински титули | 8 – (СЛ – 2013]–2015, 2017–2019, ВС – 2019, СВС – 2019) | |||||||||||||||
Освоени медали
|
Со освојувањето на својот втор олимписки златен медал во велеслалом 2018 година, Шифрин се изедначила со Тед Лигети и Андреа Мид Лоренс по бројот на освоени олимписки златни медали од американски олимпиец во алпско скијање. Таа е една од 5-те Американки кои ја освоиле титулата во генерален пласман на Светскиот куп. На Светските првенства, таа е најодликуваната американска алпска скијачка во историјата, со најмногу освоени медали (11 вкупно), меѓу кои рекордни шест злата.[8] Таа е исто така првата и единствената спортистка (во машка или женска конкуренција) која победила во сите шест дисциплини од ФИС Светскиот куп во алпско скијање. Победила во трките од Светскиот куп во слалом, паралелен слалом, велеслалом, супервелеслалом, спуст и алпска комбинација. Таа е најмладата скијачка (во машка или женска конкуренција) која успеала да победи на 50 трки од Светскиот куп, на возраст од 23 години и 9 месеци.
Победила на 73 трки од Светскиот куп, и е на второ место на вечната листа на алпски скијачи во таа конкуренција, меѓу кои се 47-те победи во слалом на светскиот куп (најмногу победи во слалом во машка или женска конкуренција). Таа е единствената спортистка (во машка или женска конкуренција) која победила на 15 трки во една календарска година, со победата на последниот слалом од сезоната во 2018 во Семеринг и го надминала Марсел Хиршер. Во сезоната 2019 станала првата спортистка (во машка или женска конкуренција) која победила на 17 трки од Светскиот куп во текот на една сезона, соборувајќи го рекордот од 14 победи кој што Френи Шнајдер го држела 30 години. Со освојувањето на злато во слалом на Светското првенство во 2019 година, таа станала првата алпска скијачка која го освоила светското првенство во истата дисциплина на четири последователни првенства.