Михаел Балак
From Wikipedia, the free encyclopedia
Михаел Балак — роден е на 26 септември 1976 во градот Герлиц, на крајниот исток на Германија (покраина Саксонија). Висок е 1,89, а тежок 80. Оженет е со Симоне Ламбе, со која има три сина: Луис (2001), Емилио (2002) и Јорди (2005). Тој е еден од најплатените и најпопуларни германски фудбалери.
Михаел Балак | |||
---|---|---|---|
Балак во 2014 | |||
Лични податоци | |||
Полно име | Михаел Балак[1] | ||
Роден на | 26 септември 1976(1976-09-26) (47 г.) | ||
Роден во | Герлиц, | ||
Висина | 1.88 м (6 ст 2 ин)[2] | ||
Позиција | играч од средината на теренот | ||
Младинска кариера | |||
1983–1995 | ФК Чемницер | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
1995–1997 | ФК Чемницер II | 18 | (5) |
1995–1997 | ФК Чемницер | 49 | (10) |
1997–1998 | 1. ФК КајзерслаутернII | 17 | (8) |
1997–1999 | 1. ФК Кајзерслаутерн | 46 | (4) |
1999–2002 | Бајер Леверкузен | 79 | (27) |
2002–2006 | Баерн Минхен | 107 | (44) |
2006–2010 | Челси | 105 | (17) |
2010–2012 | Бајер Леверкузен | 35 | (2) |
Вкупно | 456 | (117) | |
Репрезентација | |||
1996–1998 | Германија под 21 | 19 | (7) |
1999–2010 | Германија | 98 | (42) |
*Настапи и голови само на првенствени натпревари |
Тој е еден од најдобрите играчи во историјата на германската фудбалска репрезентација. Бројот на дресот на Балак е бројот 13, и за сите тимови за кои тој играл освен за Кајзерлаутерн. Тој е одбран од страна на Пеле како еден од „125 Најголеми легенди на ФИФА“ и како најдбриот дефанзивен среден играч на 2002 година.Тој ја освоил и наградата за најдобриот германски фудбалер на година трипати – 2002, 2003 и 2005. Балак е познат по неговите прецизни додавања, давање на голови, како и елегантниот стил на игра. Балак ја започнал кариерата во Чемницер. На 25 март 1996 Балак дебитирал за Германија под 21 година. Неговата инзворедна изведба во регионалната лига го довела до преселба во Кајзерлаутерн во 1997 година. Тој ја освоил титулата во Бундеслигата во првата сезона во тимот. Балак бил во почетната позиција во сезоната 1998-99, и дебитирал за германската репрезентација.Се преселил во Бајерн Леверкузен за 4.1 милион евра во 1999. Сезоната 2001-02 освоил низа втори места, Леверкузен завршил втор на табелата во Бундеслигата, во Купот на Германија, УЕФА Лигата на Шампионите и Германија изгубил од Бразил во финалето на Светското првенство 2002. Потоа за 12.9 милиони евра бил купен од фудбалскиот клуб Бајерн Минхен кој продонесувал за неговите понатамошни успеси. Со Бајерн ја освојува титулата во Бундеслигата, и двапати го подигна трофејот во купот на Германија во 2003, 2005 и 2006 година. Балак бил среден играч којшто дал дури 58 гола за Бајерн помеѓу 2002 и 2006. Во 2006 се преселил во Премиер лигата во фудбалскиот тим Челси.
Во првата сезона поради повреда речиси целата 2007 година ја поминал надвор од теренот, но затоа следната сезона му помогна на Челзи да стигне до своето прво финале во Лигата на Шампионите каде што Челси бил поразен од страна на Манчестер Јунајтед на пенали.
На репрезентативно ниво, Балак бил дел од фуддбалското првенство на УЕФА Евро 2004 и 2008, а на ФИФА Светското Првенство во 2002 и 2006. Јирген Клинсман му ја дал капитенската лента на репрезентацијата во 2004 година. Балак ги постигнал решавачките голови во четвртфиналето и полуфиналето и со тоа и помогнал на својата земја да стигне во финалето на Светското Првенство 2002, полуфиналето на Светското Првенство 2006 и финалето на Европското првенство 2008. Балак е роден во Герлиц, Горна Лужица и Шлеска која денеска се наоѓа во Саксонија.Тој е единственото дете на Стефан и Карин Балак, инженер и секретарка.Фамилијата се преселила во Чемниц кога Балак бил многу млад.