Модроглава сипка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Модроглавата сипка (науч. Cyanistes caeruleus) е мала врапчевидна птица од семејството на сипките (Paridae). Птицата лесно се распознава со нејзините сини и жолти перје, но многу авторитети ја оспоруваат научната класификација.
Модроглава сипка | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Птици |
Ред: | Врапчевидни |
Семејство: | Сипки |
Род: | Сини сипки |
Вид: | Модроглава сипка |
Научен назив | |
Cyanistes caeruleus (Linnaeus, 1758) | |
Синоними | |
Parus caeruleus Linnaeus, 1758 |
Тие се обично постојани жители, не се преселници, широко распространети и вообичаени низ умерена и субарктичка Европа и западна Азија, во иглолисните и мешаните шуми со дабови. Ја има и во Македонија. Обично гнездат во дупки од дрвја и лесно се адаптираат во куќички за птици. Најголем конкурент за гнездење и хранење ѝ е многу поголемата голема сипка.
Се храни со инсекти и пајаци, но вон сезоната на парење јаде и семиња и друга растителна храна. Како и другите сипки, и оваа е впечатлива со своите способности да стои наглавечки кога ја бара храната по гранчињата и ливчињата на дрвјата.