Московски кремљ
From Wikipedia, the free encyclopedia
Московскиот кремљ (руски: Московский Кремль) — историски комплекс во центарот на Москва, Русија. Самиот комплекс е опкружен од реката Москва од југ, црквата Свети Василиј и Црвениот плоштад на исток, до Александровата градина на запад. Овој кремљ е најпознатата руска тврдина, во чиј состав се наоѓаат четири палати и четири катедрали. Самата тврдина е обиколена од Кремљските ѕидини, на кои пак се поставени дваесет кули.[1]
Кратки факти Општи информации, Кули и порти ...
Московски Кремљ | ||
Општи информации | ||
---|---|---|
Место | Москва | |
Квадратура | 27,7 ха | |
Должина на ѕидот | 2500 метри | |
Кули и порти | ||
Број на кули | 20 | |
Број на капии | 4 | |
Висина на кули | до 80 м | |
Дебелина на кулите | 24м↔ | |
Ѕид | ||
Висина | од 5 до 19 м | |
Дебелина | од 3,5 до 6,5 м |
Затвори
Самиот назив Кремљ честопати се користи како метоним на владата на Советскиот Сојуз (1922 — 1991), бидејќи во тоа време овде се наоѓале работните канцеларии на генералните секретари, премиери, претседатели, министри и комесари. Денес, комплексот служи како официјално седиште на претседателот на Русија.