From Wikipedia, the free encyclopedia
НБА Ол-стар викенд (англиски: NBA All-Star Weekend), или едноставно НБА Ол-стар, е кошаркарски настан кои се одржува од страна на НБА лигата, еднаш годишно во месец февруари, во различни градови во САД. Во петок обично се игра натпревар на дебитантите и оние кошаркари кои ја играат својата втора сезона во НБА, во сабота се организираат возбудливи натпреварувања, a главниот настан на викендот е Ол-стар натпреварот кој се игра во недела.
Првпат одржанo во 2003 година, на овој натпревар учествуваат поранешни НБА играчи, играчи од ВНБА, актери, музичари и спортисти од други спортови освен кошарката.
Од 1994 година до 1999 година, настанот бил наречен „Руки натпрeвар“ (или натпревар на дебитантите), и целосно составен од играчи кои се прва година во НБА. Од 2000 до 2011 година, натпреварот, бил преименуван во „Руки Челенџ“, претставувал тим од играчи од прва година („Руки“) против тим од играчи од втора година („Софомор“). Од 2012 година натпреварот го носи името „Натпревар на ѕвездите во подем“. Од 2015 година се игра во формат кошаркари од САД против кошаркари од остатокот од светот кои се дебитанти или втора година во НБА.
Прв пат одржана е 2007 година. Во тој натпревар учествуваат играчи од развојната лига на НБА. Првата победа ја однел Истокот со резултат 114-100. Овој натпревар не се одржува во истата арена како сите останати активности од Ол-стар викендот туку на помошниот терен.
Ова натпреварување ја покажува креативноста и вештината на НБА играчите во забивање. После секој обид или постигнато забивање пет судии го оценуваат забивањето со оценки од 1 до 10, а најголемиот збир бодови после едно забивање е 50. Вообичаените правила како „двојно водење“ и „чекори“ не се уважуваат тука и се дозволени.
Најдобрите шутери на лигата се натпреваруваат и се обидуваат да погодат што повеќе тројки во одредено време како би победиле. Се шутираат по пет топки од секое од петте избрани места зад линијата за три бода. Секоја топка вреди еден бод освен шарените топки (таканаречени на англиски: money balls) кои носат по два бода. Најголемиот број бодови во една рунда е 30.
Ова натпреварување прв пат се одржало во 2003 година. Тука играчите ги покажуваат својте вештини во дриблинг, шут, додавање, брзина и прецизност. Двејн Вејд го освоил ова натпреварување двапати.
Во ова натпреварување учествуваат поранешен НБА играч, сегашен НБА играч и ВНБА играч од истиот тим, односно од истиот град. Задачата е што побрзо да се постигнат кошеви од одредени позиции на теренот.
Се игра во недела и е најважниот настан на целиот викенд. Играчите од двете конференции избрани со гласање настапуваат на натпреварот како членови на Истокот или Западот.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.