НБА Ол-стар натпревар
From Wikipedia, the free encyclopedia
НБА Ол-стар натпревар (или НБА натпревар на сите ѕвезди англиски: [NBA All-Star Game] Error: {{Lang}}: text has italic markup (help)) е егзебициски кошаркарски натпревар, кој се игра секоја година во февруари за време на НБА Ол-стар викендот и претставува негов најзначаен настан. На овој натпревар играат најдобрите 24 избрани играчи играчи од Источната и Западната конференција на НБА, по 12 од секоја конференција.
НБА Ол-стар натпревар | |
---|---|
Зачестеност | Годишно |
Првпат | 1951 |
Последен пат | 2022 (Кливленд) |
Учесници | Источна конференција и Западна конференција |
Спорт | Кошарка |
Организатор | НБА |
Почетната постава на секој тим се избира со комбинација на гласање од навивачи, играчи и медиуми,[1] додека тренерите ги избираат резервните играчи,[2] седум играчи од нивните соодветни конференции, така што секоја екипа има список од 12 играчи. На тренерите не им е дозволено да гласаат за сопствените играчи. Ако избран играч не може да учествува поради повреда, комесарот на НБА избира замена. За време на натпреварот екипите носат специјални дресови изработени за Ол-стар натпреварот, а самиот натпревар претставува голем спектакл.
Првиот НБА Ол-стар натпревар се одиграл во Бостон Гарден на 2 март 1951 година и оттогаш не се играла само во сезоната 1998-1999 (поради локаутот) и во сезоната 2020-2021 (поради пандемијата од коронавирус). Од 1951 до 2017 година се играло по формат истокот против западот, а почнувајќи од 2018 година, водечките играчи по бројот на гласови од секоја конференција се назначени како капитени на тимовите и можат да избираат од групата Ол-стар играчи со кои ќе играат за да ги формираат своите тимови без оглед на конференцијата.