НБА плејоф 2021
From Wikipedia, the free encyclopedia
НБА плејофот 2021 бил завршен турнир во НБА за сезоната 2020–2021. Како резултат на влијанието на пандемијата на КОВИД-19, регуларната сезона била смалена на 72 натпревари за секоја екипа, а датумот на почеток на плејофот бил поместен од вообичаеното време во средината на април на 22 мај 2021 година. Сезоната завршила со НБА финалето 2021 во јули.
Спорт | ![]() |
---|---|
Организатор | НБА |
Период | од: 22 мај 2021 до: 22 јули 2021 |
Екипи | 16 |
Титула Исток | ![]() |
Титула Запад | ![]() |
Шампион | ![]() (2º титула) |
МВП на финалето | ![]() |
следна → ← претходна |
Во овогодинешното НБА финале играле екипите на Милвоки Бакс и Финикс Санс. Серијата започнала на 6 јули 2021, а екипата на Финикс била домаќин во првите два натпревари.
Бранителот на титулата, Лос Анџелес Лејкерс и поразената екипа во минатогодишното финале, Мајами Хит загубиле во првото коло до Финикс Санс и Милвоки Бакс, соодветно. Санс се пласирале во своето прво НБА финале од 1993 со победата над Лос Анџелес Клиперс во серијата со 4–2; Бакс, исто така, во шест натпревари го добиле финалето на Источната конференција против Атланта Хокс за да стигнат до своето прво финале во НБА уште од далечната 1974.[1]