Надреализам
From Wikipedia, the free encyclopedia
Надреализмот претставува културно движење кое започнува во раните 1920-ти и е најдобро познатo по визуелните уметнички дела и списи од членовите на групата. Делата на надреализмот го вклучуваат елементот на изненадување, неочекувани јукстапозиции и апсурдност; како и да е, голем број на уметници и писатели надреалисти, ја гледаат својата работа како израз на филозофско движење најпрво и најмногу, со делата како артефакти. Предводникот Андре Бретон е експлицитен во своето тврдење дека надреализмот е пред сè револуционерно движење. Надреализмот се развива преку дадаистичките движења за време на Првата светска војна и најважен центар на движењето е Париз. Од 1920 година па понатаму, движењето се проширува низ целиот свет, на крајот влијаејќи на визуелната уметност, литературата, филмот и музиката на многу држави и јазици, како и на политичката мисла, вештините, филозофијата и општествената теорија.