Народен дневник
кинески дневен весник, орган на ЦК на Комунистичката партија на кина / From Wikipedia, the free encyclopedia
Народен дневник (кинески: 人民日报; пинјин: Rénmín Rìbào; мак. тр. Женмин жибао) — кинески дневен весник, орган на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина (КПК) што се издава ширум светот, со тираж од 3-4 милиони примероци. Покрај главното издание на кинески јазик, весникот има изданија на англиски, јапонски, француски, шпански, руски, арапски и корејски. Содржините на други јазици се поограничени со кинески теми, а побогати со меѓународни содржини и случувања во земјата кајшто се говори дадениот јазик. Како „Правда“ во времето на СССР, весникот е гласило за ставовите и политиката на партијата.
Кратки факти Тип, Сопственик ...
Насловна страница на 1 октомври 1949 г. (дента на прогласувањето на НР Кина) | |
Тип | дневен весник |
---|---|
Сопственик | Комунистичка партија на Кина |
Издавач | Централен комитет на Комунистичката партија на Кина |
Главен уредник | Џанг Јеннунг |
Основан | 15 јуни 1948 |
Јазик | разни |
Седиште | Бр. 2 Џинтај Сјилу, Чаојанг, Пекинг |
Страница | people.com.cn english.peopledaily.com.cn |
Затвори