Народно име
име на еден таксон или организам во општа употреба кај народот / From Wikipedia, the free encyclopedia
Народното име (наречено и тривијално или вернакуларно име, македонско име) — име во биолошката номенклатура на еден таксон или организам во општа употреба меѓу народот, денес или во минатото. За разлика од ова, истите организми имаат научно име.[1]
Народните имиња понекогаш не се „народни“ во историско-културна смисла, туку едноставно македонски називи на организмите кои може и да не се среќаваат во земјата. Целта е да се приближат називите на животните и растенијата до обичниот човек (земјоделци, ловци, риболовци или било кој заинтересиран) без да треба да се запомни латинско-грчкиот назив. Историски втемелените народни имиња можат во голема мера да се разликуваат од еден крај на земјата до друг, зависно од местото или дијалектот.
Во Македонија, како и во многу балкански земји, Германија, Холандија и земјите од словенското говорно подрачје, народните имиња се користат како главни за сите видови и таксономски рангови на сите места освен во стручни трудови, каде најчесто се користат научните и народните заедно. Затоа, народните називи (традиционални или новосоздадени) се од доста поголемо значење отколку во јазици како англиско или француско говорно подрачје.