![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/f/f6/%25C5%25A0el%25C5%25A1tev%252C_Idrija.jpg/640px-%25C5%25A0el%25C5%25A1tev%252C_Idrija.jpg&w=640&q=50)
Наследство на живата. Алмаден и Идрија
From Wikipedia, the free encyclopedia
светско наследство на УНЕСКО | |
---|---|
![]() Антонијев ров, рударски влез во Идрија | |
Место |
|
Критериум | културно: (ii), (iv) |
Навод | 1313rev |
Запис | 2012 (XXXVI заседание) |
Површина | 104.1 ha (257 acres) |
Координати | 38°46′31″N 4°50′20″W |
Наследството на живата. Алмаден и Идрија ― заедничко светско наследство на УНЕСКО во Алмаден, Кастиља-Ла Манча, Шпанија и Идрија, Словенија. Имотот опфаќа две места за ископување жива. Во Алмаден живата се ископувала уште од антиката, додека во Идрија првпат била пронајдена во 1490 година.[1]
Местата сведочат за интерконтиненталната трговија со жива која генерирала важна размена меѓу Европа и Америка низ вековите. Двете места ги претставуваат двата најголеми рудници за жива во светот и биле оперативни до неодамна. Живата играла важна улога во извлекувањето злато и сребро од руди, ископани во американските рудници. Дополнително, двете места ги илустрираат различните индустриски, територијални, урбани и социјални елементи на специфичен социотехнички систем во рударството и индустријата за производство на метали.[1]
Во срцето на местото Алмаден е рударски парк, каде што јавноста може да оди под земја.[2] Исто така, постојат згради поврзани со рударската историја на градот, вклучувајќи го замокот Ретамар,[3] рударската болница „Сан Рафаел“ (сега е архива) и живеалишта од осумнаесеттиот век кои формираат шестоаголна корида.[4]
Местото во Идрија особено има продавници за жива и инфраструктура, како и станбени простории за рудари и театар за рудари.