Национален парк Вестленд Таи Поутини
From Wikipedia, the free encyclopedia
Националниот парк Вестленд Таи Поутини (англ. Westland Tai Poutini National Park) се наоѓа на Јужниот Остров на Нов Зеланд. Основан е во 1960, по повод стогодишнината од европското населување на регионот Вестленд. Зафаќа површина од 1.175 км2 и се протега од највисоките врвови на Јужните Алпи, па до диво изолирано крајбрежје.
Национален парк Вестленд Таи Поутини | |
---|---|
МСЗП — Категорија II (национален парк) | |
Ледникот Франц Јосиф во 2011 г. | |
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 408: Malformed coordinates value | |
Место | Западно Крајбрежје |
Координати | 43°23′S 170°11′E |
Површина | 1.319,8 km2 (509,6 sq mi) |
Воспоставен(а) | 1960 |
Управно тело | Служба за заштита на природата |
Паркот има ледници, живописни езера и густа умерена дождовна шума, како и остатоци од стари рударски гратчиња долж крајбрежјето.
Националниот парк Вестленд нуди добар лов на елени, дивокози и тарови. Ловците доаѓаат до непристапните предели со хеликоптер. Спротиводно од мостот на реката Карангаруа, паралелно на неа се извива познатата Коплендска Патека. Покрај планинските пејзажи, во паркот има и топли извори кај Велкам Флет Хат.