Национален уметник на Македонија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Национален уметник на Република Македонија — титула која ја доделува Претседателот на Република Македонија врз основа на предлог од министерот за култура, а по претходно мислење на комисија. Се доделува на уметник кој создава дела од уметничкото творештво или изведува дела како актер, режисер, костимограф, сценограф, ликовен уметник, фотограф и архитект, вокално-инструментален солист, диригент, композитор, писател, сценарист, кореограф и балетски уметник.
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/mk/thumb/d/db/%D0%A2%D1%80%D0%BF%D1%87%D0%B5%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%98%D0%B2%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%B2.jpg/320px-%D0%A2%D1%80%D0%BF%D1%87%D0%B5%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%98%D0%B2%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%B2.jpg)
Титулата почнала да се доделува од 2011 г. согласно посебно донесениот закон за оваа титула. Секој носител на титулата доживотно секој месец добива 60.000 денари и има право да му се издаде монографија за неговото творештво од буџетот на државата.
Наградата за последен пат била доделена во 2016-та година, кога била укината.
Со законот со кој истата била укината, на националните уметници кои веќе се стекнале со титулата им се гарантирала натамошна исплата на вклучената сума.[1]