Негев
пустинско и полупустинско подрачје во јужен Израел / From Wikipedia, the free encyclopedia
Негев (хебрејски: הַנֶּגֶב, han-Néḡeḇ ) или Негевска Пустина — пустина и полупустински регион во јужен Израел. Пустината го зазема јужниот дел на државата и административно се совпаѓа со Јужниот округ. Најголем град во оваа пустина е Бершеба, и истиот се наоѓа во северниот дел на пустината. Јужниот дел на пустината излегува на Акапскиот Залив и тука се наоѓа туристичкиот град Ејлат. Покрај овие два града, во Негев се наоѓаат и уште неколку други развиени градови, како што се, поголемите, Димона, Арад и Мицпе Рамон, но и други помали гратчиња и села. Пистината Негев е позната туристичка атракција во Израел и позното одредиште во светски рамки, така што Lonely Planet ја рангирала пустината на второто место од светските 10 топ одредишта за патување за 2013 година.[1][2] Негев е еден од бројните библиски наоѓалишта, односно месности кои се дел од Библијата, значајни за христијанството.