![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/e/e3/Nemesis.png/640px-Nemesis.png&w=640&q=50)
Немеза (претпоставена ѕвезда)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Немеза (нарекувана и Немесис или Немезида[1]) е претпоставена ѕвезда (црвено џуџе или кафеаво џуџе), за која се верува дека ротира околу Сонцето на растојание од околу 95.000 АЕ (1,5 светлосни години ) т.е. малку подалеку од Ортовиот Облак. Првата претпоставка е поставена во 1984 година [2] со цел да се објасни воочениот циклус на масовни угинувања според геолошките наоди, кои се чинело дека се случуваат периодично во интервали од 26 милиони години.[3] До 2012, биле откриени повеќе од 1800 кафеави џуџиња. Односно, во близина на Сончевиот Систем се испоставило дека има многу помалку кафеави џуџиња отколку што се претпоставувало. Наместо да има по една ѕвезда на секое кафеаво џуџе, можно е да за секое едно кафеаво џуџе да има дури шест ѕвезди. Ваквата констатација наведувала дека половината или повеќе ѕвездени системи се бинарни, тројни или системи со повеќе ѕвезди поврзани во ѕвездени јата. Поголем дел од ѕвездите од типот на Сонцето се единечни. Во еден труд од 2017 година, Сара Садавој и Стивен Сталер тврделе дека Сонцето најверојатно во времето на неговото формирање било дел од бинарен систем, и навеле дека тогаш веројатно имало ѕвезда Немеза“.[4][5] Таа ѕвезда се одвоила од бинарниот систем пред повеќе од четири милијарди години, што значи дека не би можела да го предизвика неодамна воочениот циклус на масовни угинувања, изјавил Даглас Вакоч за Бизнис Инсајдер (Business Insider), и додал дека „Ако Сонцето стварно бил дел од бинарен ѕвезден систем во фазата на создавање, неговата ѕвезда-близнак треба да носи покротко име како Придружник, наместо страшното Немеза“.[6]
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/e/e3/Nemesis.png/640px-Nemesis.png)
Според поновите теории, други сили, како поминување на други ѕвезди во близина или аголниот ефект на галактичката гравитациска рамнина при преминувањето на Сончевиот Систем низ рамнината на Млечниот Пат можат да ги „разбудат“ кометите во Ортовиот Облак (Хипотеза на Шива), т.е. може да предизвикаат орбитални растројувања на некои тела од надворешниот Сончев Систем. Во 2011 година, Корин Бејлер-Џонс ги анализирал кратерите на површината на Земјата и дошол до заклучок дека наодите за периодични интервали (со кои се претпоставува дека имало периодични дождови од комети исфрлени од ѕвездата Немеза) се статистичка грешка и навел дека кратерите не нудат докази за постоењето на Немеза. Но, во 2010 година, А.Л. Мелот и Р.К. Бамбах во фосилни остатоци пронашле доказ кој го потврдува периодичното угинување (за кое Рауп и Сепковски тврделе дека постои), но со повисока доза на сигурност и во двојно подолг набљудуван временски период од 500 милиони години. Инфрацрвениот астрономски сателит (ИРАС (IRAS)) во 1980-тите не успеал да ја пронајде Немеза. Астрономското истражување 2MASS, во периодот од 1997 до 2001 година, не пронашло друга ѕвезда или кафеаво џуџе во Сончевиот Систем.
Преку користење на понова и помоќна технологија - телескоп со инфрацрвени зраци, која може да открие кафени џуџиња со топлина од само 150 келвини и на оддалеченост од 10 светлосни години од Сонцето, WISE истражувачот не ја открил Немеза. Во 2011 година, Дејвид Морисон од НАСА, напиша дека нема шанси тело како Немеза да постои, зошто инаку ќе било откриено од инфрацрвените истражувања на небото.