Новела Матвејева
From Wikipedia, the free encyclopedia
Новела Николаевна Матвејева била руски бард, поет, писател, сценарист, драматург и книжевен научник. Таа е родена на 7 октомври 1934 година во Пушкин, Сант Петербург а починала на 4 септември 2016 година.[1][2][3][4]
Новела била братучетка на поетот Иван Матвеев (Елагин). Нејзината прва збирка на поезија била објавена во 1961 година и истата година била примена во Сојузот на советски писатели.
Од крајот на 1950-тите, Матвејева компонирала песни за нејзината поезија и ги изведувала со помош на седум-жичана гитара.
Во 1998 година Матвејева ја добила „Руската државна награда Пушкин“ за поезија,[5] а во 2002 година ја добила „Државната награда на Руската Федерација“ за литература и уметност за својата поетска збирка „Јасмин“.
Матвејева починала на 4 септември 2016 година на 81 годишна возраст.[6]