Ноќно кафе
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ноќно кафе (француски: [Le Café de nuit] Error: {{Lang}}: text has italic markup (help)) е слика - масло на платно, создадена од холандскиот уметник Винсент ван Гог во септември 1888 година во Арл.Нејзиниот наслов е впишан подолу веднаш под потписот. Сликата е во сопственост на Универзитетот Јеил и моментално се чува во Уметничката галерија на Универзитетот Јеил во Њу Хевен, Конектикат[1].
Кратки факти Творец, Година ...
француски: Ноќно кафе | |
Творец | Винсент ван Гог |
---|---|
Година | 1888 година |
Димензии | 72.4 см × 92.1 см |
Место | Уметничка галерија на Универзитетот Јеил, Њу Хевн |
Затвори
Сликата го прикажува кафулето на железничката станица во градот Арл, добро познато на уметникот. Сопствениците на кафулето, Џозеф-Мишел и неговата сопруга Мари Џинот често му позираа на Ван Гог. Така, мадам Џинот е прикажана и на друга слика на уметникот - „Арлезијан“ (т.е. жител на Арл).