Окуси (општина)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Окусе, (Oecussi, Ocussi, Oekussi, Oekusi, Okusi, Oé-Cusse) е општина и Специјален административен регион (поранешен округ) на Источен Тимор.
Кратки факти Окуси Oekusi, Држава ...
Окуси Oekusi | ||
---|---|---|
Општина | ||
Падро - местото каде Португалците првпат стапнале на Тимор во 1515 година. | ||
Мапа на Источен Тимор, истакнувајќи ја општината Окуси | ||
Држава | Источен Тимор | |
Главен град | Панте Макасар или Окусе | |
Површина | ||
• Вкупна | 814 км2 (314 ми2) | |
Население | ||
• Вкупно | 68 913 | |
• Густина | 85/км2 (220/ми2) | |
Час. појас | UTC+9 (UTC+9) | |
ИЧР (2017) | 0.553 medium |
Затвори
Екслава на крајбрежјето во западниот дел на островот Тимор, Окусе е одделен од остатокот на Источен Тимор со Западен Тимор, кој е дел од провинцијата Нуса Тенгагара Тимур, Индонезија, и кој го опкружува Окусе во сите правци, освен на север, каде се граничи со Савуанкото море.
Главен град на Окусе е Панте Макасар или град Окусе, или порано во португалски Тимор, Вила Тавеиро. Првично Амбено беше името на поранешниот округ, а Окусе главен град.[1]