Опитна економија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Опитна економија (експериментална економија) — примената на опитни методи[1] за проучување на економските прашања. Податоците собрани од опитите се употребуваат за проценување на големината на ефектот, за проверување на точноста на економските теории и да се обелоденат пазарните механизми. Економските опити најчесто употребуваат пари за да ги мотивираат тестираните субјекти, односно да се имитира реалниот свет. Опитите се употребуаат да би се разбрало како и зошто пазарите и другите системи за размена фунционираат на начинот на кој функционираат.
Економија |
Економија по региони Африка · Северна Америка |
Општи аспекти |
---|
Историја на економските теории |
Методологија |
Поведение · Информациска |
Специјалности и субспецијалности |
Развој · Раст · Историја |
Списоци |
Журнали · Публикации |
Економски идеологии Анархистичка · Капиталистичка |
Англосаксонска · Feudal |
Портал економија |
Клучен аспект на субјектот е осмислувањето на опитот. Опитите можат да бидат спроведени на терен или во лабораториски услови, без разлика дали се работи за поединечно или групно однесување.[2]
Помеѓу различните варијанти на предметот, надвор од формалните граници,се вклучени природните и квазиприродните опити.[3]