Опсада на Сараево
From Wikipedia, the free encyclopedia
Опсадата на Сараево — опсада на главниот град на Босна и Херцеговина, и најдолго опседнатиот главен град во историјата на современата војна[3]. Откако на почетокот бил под опсада од страна на силите на Југословенската народна армија, Сараево бил под опсада на Армијата на Република Српска од 5 април 1992 до 29 февруари 1996 (1.425 дена) за време на Босанската војна. Опсадата траела трипати подолго од Битката кај Сталинград и повеќе од една година подолго од Опсадата на Ленинград[4].
Опсада на Сараево | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Босанска војна | |||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
![]() (1992–96) ![]() (1992–96) Поддржани од:
| ![]() ![]() (1992–96) |
||||||
Команданти и водачи | |||||||
![]()
| ![]() (март – јули 1992) ![]() ![]() ![]() (јули– септември 1992) ![]() (септември 1992 – август 1994) ![]() (август 1994 – февруари 1996) |
||||||
Вклучени единици | |||||||
![]() ![]() | ![]() ![]() |
||||||
Сила | |||||||
![]() | ![]() |
||||||
Жртви и загуби | |||||||
6.137 воени жртви | 2.241 воени жртви | ||||||
5.434 цивилни жртви |
Кога Босна и Херцеговина прогласила независност од Југославија по референдумот за независност во Босна во 1992, босанските Срби чија стратешка цел била да се создаде нова босанска српска држава[5], Република Српска (РС), во која ќе бидат опфатени бошњачко-малцинските области, го опколиле Сараево со сила од 13.000 војници стационирани во околните ридови[6][7][8]. Оттаму тие го напаѓале градот со артилерија и тенкови[9]. Од 2 мај 1992 година, Србите го блокирале градот. Одбранбените сили на босанската влада (АРБиХ) во внатрешноста на опколениот град, 19 месеци од почетокот на конфликтот, броеле околу 70.000 војници[10], биле слабо опремени и не можеле да ја разбијат опсадата.
За време на опсадата загинале 13.952 лица, вклучувајќи 5.434 цивили. Армијата на Босна и Херцеговина претрпела 6.137 жртви, додека воените жртви на босанските Срби броеле 2.241 војници. Пописот од 1991 година покажува дека пред опсадата градот и неговите околни области имале население од 525.980 жители. Постојат проценки дека пред опсадата населението во градот било 435.000. Проценките за бројот на лица кои живееле во Сараево по опсадата се движеат меѓу 300.000 и 380.000[6].
По војната, Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија (МКТЈ) осудил четворица српски функционери за многубројни точки за злосторства против човештвото извршени за време на опсадата, вклучувајќи го и тероризмот. Станислав Галиќ[11] и Драгомир Милошевиќ[12] биле осудени на доживотен затвор и 29 години затвор. Нивните претпоставени, Радован Караџиќ[13] и Ратко Младиќ, исто така биле осудени.