Орбитални елементи
From Wikipedia, the free encyclopedia
Орбитални елементи — параметри потребни за препознавање на поединечна орбита. Во небесната механика, овие елементи се разгледуваат во класични двотелесни системи, каде се користи Кеплерова орбита (изведена од Њутновите закони за движењето и законот за гравитација). Постојат разни начини на математичко опишување на една орбита, додека пак во астрономијата и астродинамиката се користат шеми со шест параметри.
Вистинските орбити (и нивните елементи) се менуваат со теков на времето поради гравитациските петрурбации предизвикани од други објекти и последиците од релативитетот. Кеплеровата орбита е само идеализирана математичка претстава на орбита во дадено време.