Оромски јазик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Оромскиот или само оромо (Afaan Oromoo) е афроазиски јазик, дел од групата на кушитски јазици. Јазикот се зборува во Етиопија (во сојузната држава Оромија), но и во соседните Кенија и Сомалија. Оромскиот е мајчин јазик на Оромците.
Кратки факти Оромо, Застапен во ...
Оромо | |||
---|---|---|---|
Afaan Oromoo | |||
Застапен во | Етиопија, Кенија | ||
Подрачје | Оромија | ||
Народ | Оромци | ||
Говорници | Грешка во изразот: Недостасува операнд за - 500 во Кенија (попис 2015), 42 во Сомалија (попис 2015) | ||
Јазично семејство | афроазиско
| ||
Писмо | латиница | ||
Статус | |||
Службен во | Оромија| Регион Оромија ( Етиопија) | ||
Признаен како малцински во | Кенија | ||
Јазични кодови | |||
ISO 639-1 | om | ||
ISO 639-2 | orm | ||
ISO 639-3 | orm — опсежен код Поединечни кодови: gax — борански hae — источнооромски orc — ормански gaz — западнооромски ssn — ватански | ||
Оромско говорно подрачје | |||
|
Затвори
Оромскиот моментално е најзборуваниот јазик во Етиопија, односно го зборуваат околу 33,8 % од населението.[1] Воедно, оромскиот е најзборуван кушитски јазик во светот, а четврт најголем јазик во Африка.[2] Јазикот го зборуваат над 35 милиони луѓе во Етиопија и околните држави.[3] Јазикот, иако е најголем во Етиопија, не е службен во државата, туку само во регионот Оромија.[1]