Освојувачи на медали на Зимските олимписки игри 1980
список на статии на Викимедија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Во списокот на освојувачи на медали по земји на Зимските олимписки игри 1980 се наведени сите земји-учеснички на игрите кои освоиле медали. Најуспешна нација на игрите била репрезентацијата на Советскиот Сојуз, која освоила 10 златни медали, додека најмногу медали на игрите освоиле спортистите од Источна Германија, 23, од кои 9 златни.
Најуспешен натпреварувач бил американскиот лизгач Ерик Хајден кој освоил 5 златни медали.