Оскар Нимаер
From Wikipedia, the free encyclopedia
Оскар Рибеиро де Алмеида Нимаер Соарес Фиљо (15 декември 1907, Рио де Жанеиро - 5 декември 2012, Рио де Жанеиро) — бразилски архитект, кој се смета за еден од најзначајните претставници на меѓународната модерна архитектура. Тој е еден од пионерите во истражувањето на можностите за искористување на армираниот бетон на естетски план.
Оскар Нимаер | |
---|---|
Роден(а) | 15 декември 1907 Рио де Жанеиро, Бразил |
Починал(а) | 5 декември 2012 Рио де Жанеиро, Бразил |
Националност | Бразилец |
Зданија | Бразилија (урбанизам) |
Неговите градби се одликуваат со тоа што се пространи и оголени, со мешавина на волуменот и слободниот простор за да се создадат оригинални декорации, кои често се потпрени на пилотис. И критичарите и оние што го фалат го сметаат за „вајар на споменици“ [1]. Тој е возвишен до тој степен што се смета за еден од најголемите архитекти на неговата генерација од неговите поддржувачи [2] и е обвинет за наивен, лекомислен, па дури и недоволно добар за звањето „архитект“ од страна на неговите критичари, кои иронично го нарекуваат „официјален архитект“, бидејќи има голем престиж меѓу политичарите [3]. Меѓу многуте познати дела, Нимаер работел и на подигнувањето на многу јавни дела во Бразилија, градби коишто се дел од светското културно наследство на УНЕСКО, зградата на седиштето на ООН во Њујорк итн.