Осумдесетгодишна војна
From Wikipedia, the free encyclopedia
Осумдесетгодишната војна или Војна за холандската независност (1568-1648[1]) започнала по избувнувањето на холандското востание кое главно било насочено против Филип II од Шпанија, кој управувал со Хабсбуршките Ниски Земји. Војната завршила со потпишување на Вестфалскиот договор.
Осумдесетгодишна војна | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Опсада на Леиден, 1574. |
|||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Холандска Република Кралство Англија | Шпанска империја |
По крајот на војната, од територијата на Шпанија се отцепиле седум покраини, и ја формирале Холандската Република. Денешните земји Луксембург и Белгија останале под власта на Шпанија. Со создавањето на земјата исто така дошло и до основање на првите републики во Европа. По крајот на војната, новата република станала една од најголемите поморски сили во светот. Јужниот дел на Холандија (денешна територија на Белгија, Луксембург и северна Франција) за некое време останале под шпанска власт. Меѓутоа, долгата депресивна доминација на Шпанија во јужниот дел од земјата предизвикала бегството на голем дел од интелектуалната елита во северниот дел од земјата. Војната може да се подели во две фази: Војна за независност на Холандија и признавање на независноста од страна на европските сили.