Очилна мечка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Очилната мечка (науч. Tremarctos ornatus) позната и како андска мечка, е најблиската роднина на изумрените мечки од видот Arctodus, кои исчезнале за време на средниот и доцен плеистоцен[1][2].
Очилна мечка | |
---|---|
Очилна мечка во зоолошката градина во Бразил | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Цицачи |
Ред: | Carnivora |
Семејство: | Ursidae |
Потсемејство: | Tremarctinae |
Род: | Tremarctos |
Научен назив | |
Tremarctos ornatus (Cuvier, 1825) | |
Распространетост на очилната мечка |
Очилната мечка е мал вид на мечки со потекло од Јужна Америка. Има црно крзно со белези со беж боја по лицето и градите. Мажјаците се 33% поголеми од женките[3]. Мажјаците тежат од 130 до 200 кг, а женките 35-82 кг[4]. Ги среќаваме во повеќе региони во северниот и западниот дел на Јужна Америка, вклучувајќи ги источна Панама[5], западна Венецуела, Бразил[6], Колумбија, Еквадор, Перу, западна Боливија и северозападна Аргентина. Очилните мечки се единствениот преживеан вид на мечки на овој континент, и единствениот преживеан вид од родот Tremarctinae. Нивното преживување веројатно се должи на способноста да се искачуваат дури и на највисоките дрвја на Андите.