![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/1/16/Carte_PN2013.jpg/640px-Carte_PN2013.jpg&w=640&q=50)
Париз-Ница 2013
велосипедска трка / From Wikipedia, the free encyclopedia
Париз-Ница 2013 било 71. издание на велосипедската етапна трка Париз-Ница, често позната и како Трка на Сонцето. Започнала на 3 март во Уи и завршила на 10 март во Ница и се состоела од осум етапи, вклучувајќи два хронометри. Била втора трка во сезоната 2013 на Светската турнеја.
Светска турнеја на UCI 2013, трка 2 од 28 | |||
![]() | |||
Рута на Париз-Ница 2013 | |||
Детали за трката | |||
---|---|---|---|
Датум(и) | 3–10 март 2013 | ||
Етапи | 8 | ||
Растојание | 1174 км | ||
Време | 29ч 59' 47" (24,3 км/ч) | ||
Добитници на наградите | |||
![]() |
Победник | ![]() |
(Тим Скај) |
Втор | ![]() |
(Гармин-Шарп) | |
Трет | ![]() |
(Аг2р-Ла Мондијал) | |
![]() |
Бодовен | ![]() |
(Омега Парма-Квик Степ) |
![]() |
Планински | ![]() |
(ИАМ Сајклинг) |
![]() |
Младински | ![]() |
(Гармин-Шарп) |
Екипен | Катјуша | ||
← 2012 2014 → |
Трката била освоена од Австралиецот Ричи Порт од Тим Скај,[1] кој го презел водството по победата на кралската етапа на трката, петтата етапа до Монтањ де Лур и исто така го освоил последниот хронометар до Кол д’Ез, со што станал првиот австралиски возач, кој победил на трката.[2] Порт го освоил генералниот пласман со 55 секунди предност пред второпласираниот Ендру Талански (Гармин-Шарп),[3] кој победил на третата етапа. Талански го освоил и пласманот за млад возач,[3] како највисоко пласиран возач роден во 1988 или подоцна. Возачот на Аг2р-Ла Мондијал Жан Кристоф Перо го заокружил подиумот,[4] 26 секунди зад Талански и 81 секунда за Порт.[1]
Во другите пласмани на трката, возачот на Омега Парма-Квик Степ Силвен Шаванел ја освоил зелената маичка за бодовниот пласман,[5] постигнувајќи најмногу бодови во текот на етапите на средните спринтови и на крајот на етапите, а Јохан Чоп бил победник на планинскиот пласман за екипата ИАМ Сајклинг,[3] кои го имале своето деби на трка од Светската турнеја.[6] Катјуша биле победници на екипниот пласман по нивното враќање во Светската турнеја,[7] откако го пропуштиле Тур Даун Андер поради привременото губење на нивниот статус на UCI World Tour екипа пред да ја обжалат одлуката до Арбитражниот суд за спорт.[8]