Пајо Паторот
From Wikipedia, the free encyclopedia
Пајо Паторот (англиски Donald Duck) — измислен лик од филмови и стрипови, изум на Волт Дизни. За првпат на јавноста ѝ станал познат на 9 јуни 1934. Пајо е бела антропоморфна патка со портокалов клун, нозе и стапала. Најчесто е облечен во морнарска маичка и капа, но без панталони (освен кога оди на пливање). Се вели дека во Финска бил цензуриран бидејќи не носи панталони но тоа е само една урбана легенда.
Според цртаниот филм Donald Gets Drafted (1 мај 1942), неговото целосно име во оригиналот е Donald Fauntleroy Duck (се чини дека неговото средно име асоцира на неговата морнарска капа). Првпат се појавил во цртаниот филм кој носи наслов Паметна мала кокошка.