Петолиние
From Wikipedia, the free encyclopedia
Петолиние — збир од пет хоризонтални линии и четири празни места од кои секој претставува различна музичка висина или во случај на перкусионо петолиние, различни ударни инструменти. Соодветните музички симболи, во зависност од наменетиот ефект, се ставаат на петолинието во согласност со нивниот соодветен тон или функција. Музичките ноти се бележат по интонацијата, а паузите и другите симболи се пишуваат по норма.
Апсолутната интонација на секоја линија на нотните петолинија е наведена со поставувањето на нотните клучеви на соодветна вертикална положба, на петолинието за лева рака. На пример, виолинскиот клуч, исто така познат како Ге-клуч, се поставува од втората линија (сметајќи од долу нагоре), фиксирајќи ја таа линија како интонацијата првата Ге нота над "основна Це".
Линиите и празнините се нумерирани од долу нагоре; најдолната линија е прва линија, а најгорната линија е петта линија.
Музичкото петолиние е аналогно на математички график за интонација, во сооднос со времетраењето. Итонациите на нотите се дадени според нивната вертикална позиција на петолинието, а нотите се читаат и свират/пеат, одлево надесно. Како и да е, за разлика од графикот, бројот на полутонови претставени како вертикален чекор од една линија до нејзиниот соседен простор зависи од клучот, а точното време на почетокот на секоја нота не е правопропорционално на неговата хоризонтална положба; наместо тоа, точното темпирање е кодирано во музичкиот симбол избран за секоја нота покрај темпото.
Тактот, десно од клучот, ја означува врската помеѓу метриката и нотите, додека тактовите линиите ги групираат нотите на петолинието во тактови.