Печалбар
лице кое мигрира поради наоѓање работа / From Wikipedia, the free encyclopedia
Печалбар (арх. гурбетчија) или мигрантски работник е лице кое мигрира во својата матична земја или надвор од неа за да работи. Печалбарите обично немаат намера да останат трајно во земјата или регионот во кој работат.
Печалбарите кои работат надвор од нивната матична земја се нарекуваат и странски работници. Тие исто така може да бидат наречени и иселеници или гастарбајтери, особено ако биле испратени или поканети да работат во земјата домаќин пред да ја напуштат матичната земја.
Меѓународната организација на труд проценува дека во 2014 година имало 232 милиони мигранти ширум светот кои биле надвор од нивната матична земја најмалку 12 месеци и околу половина од нив се проценува дека се економски активни (т.е. се вработени или бараат работа).[1] Некои земји имаат милиони работници мигранти. Некои печалбари се илегални имигранти. Некои се робови.