Пештерска мечка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Пештерската мечка (Ursus spelaeus) е вид на мечка која живеела во Европа за време на плеистоценот, и исчезнува на крајот на последното ледено доба пред околу 20 000 години. Името пештерска мечка и латинското име spelaeus се дадени поради фактот дека најчесто фосили од оваа мечка се пронајдени во пештери, што укажува дека овој вид поминувал многу повеќе време во пештерите од кафеавата мечка која ги користи само за периодот на хибернација.
Кратки факти Пештерска мечка Период: Среден и доцен Плеистоцен,, Заштитен статус ...
Пештерска мечка Период: Среден и доцен Плеистоцен, | |
---|---|
Податотека:Niedzwiedz jaskiniowy pl.jpg | |
скелет на пештерска мечка | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Цицачи |
Ред: | Carnivora |
Семејство: | Ursidae |
Род: | Ursus |
Научен назив | |
Ursus spelaeus Rosenmüller, 1794 | |
Затвори
Многу пештери во Европа имаат скелети од пештерски мечки. Дел од нив се Heinrichshöhle во Хемер и Dechenhöhle во Исерлохн во Германија. Во Романија постои пештера која го носи името Peştera Urşilor (Мечкина пештера) каде во 1983 година се пронајдени 140 скелети на пештерска мечка[1].