Пиратите од Карибите (филмски серијал)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Пиратите од Карибите — серија од филмови продуцирани од Џери Брукхајмер засновани на истоимениот тематски забавен парк на Волт Дизни. Како режисери на серијалот се јавуваат Гор Вербински (1–3), Роб Маршал (4) и Јоаким Ронинг и Еспен Сандберг (5). Приказната ги следи авантурите на Џек Спароу (Џони Деп), Вил Тарнер (Орландо Блум) и Елизабет Свон (Кира Најтли). Ликови како Хектор Барбоса (Џефри Раш) и Џошами Гибс (Кевин Мекнали) ги следат Џек, Вил и Елизабет во текот на филмовите. Во четвртиот филм играле Сем Клафлин (како Филип Свифт) и Астрид Берже-Фрисби (како Сирена), додека во петтиот филм ќе играат Брентон Твејтс и Каја Скоделаријо. Местото на случување во филмовите е измислено историско место; свет раководен главно од алтернативни верзии на Британската Империја, Источноиндиската компанија и Шпанското Царство, а пиратите ја означуваат слободата од владеачките сили.
„Пиратите од Карибите“ | |
---|---|
„Пиратите од Карибите“ трилогија | |
Режисер | Гор Вербински |
Продуцент | Џери Брукхајмер |
Сценарист | Тед Елиот Тери Росио |
Главни улоги | Џони Деп Орландо Блум Кира Најтли Џефри Раш Џек Девенпорт Бил Наји Том Холандер Стелан Скарсгард Наоми Харис Џонатан Прајс |
Дистрибутер | Walt Disney Pictures |
Премиера | 2003 – сѐ уште |
Времетраење | 600 минути (1-4) |
Земја | САД |
Јазик | англиски |
Буџет | Вкупно (5 филмови): $1.364 милијарди |
Бруто заработка | Вкупно (4 филмови): $3,729,577,967 |
Првиот филм во филмскиот серијал кој бил издаден во 2003 година под името Пиратите од Карибите: Проклетството на црниот бисер се здобил со позитивни критики и заработил 654 милиони долари во светски рамки.[1] По успехот на првиот филм, од Walt Disney Pictures изјавиле дека се подготвува трилогија. Вториот филм во франшизата, насловен Пиратите од Карибите: Ковчегот на мртовецот, бил издаден во 2006 година; продолжението се покажало како успешно, соборувајќи финансиски рекорди на денот на премиерата. Ковчегот на мртовецот бил филм со најголема заработувачка во годината заработувајќи речиси 1.1 милијарда долари до денес. Третиот филм во серијалот, насловен Пиратите од Карибите: На крајот на светот, бил издаден во 2007 година. Четири години подоцна, во 2011 година, Disney издале четвртти филм, Пиратите од Карибите: На чудни плими, кој исто така заработил над 1 милијарда долари,[1] станувајќи вториот филм во серијалот и само осми филм во историјата кој ја преминал границата од 1 милијарда долари.
Досега филмскиот серијал заработил 3.73 милијарди долари во светски рамки;[1] што го прави единаесетти серијал по големина на заработувачка и прв во која повеќе од еден филм заработил над 1 милијарди долари во светски рамки.
Петти филм, насловен Пиратите од Карибите: Одмаздата на Салазар, ќе биде издаден на 26 мај 2017 година.[2]