Плиш
From Wikipedia, the free encyclopedia
Плиш,[1][2][3] кадифе[4][5] велур[6][7] или сомот[8][8] — општо име за ткаенините кои се мазни од едната страна, а „влакнести“ другата страна, односно покриени со подигнати свилени нишки кои создаваат мек слој, пријатен за кожата. Првично, таквите ткаенини биле направени исклучиво од свила, поради што биле и многу скапи и достапни само за најбогатите слоеви на општеството. Денес, тие се направени од различни видови на влакна - памук, свила или вештачки материјали (целулоза и синтетички влакна). И денес, чистото свилено кадифе е ретко, бидејќи сè уште е исклучително скапо.[9] На пазарот овие ткаенини може да се најдат еднобојни, повеќебојно ткаени, печатени дезени, понекогаш дури и релјефни. Се користат за изработка на разновидна облека, како и за внатрешна декорација - мебел и ѕидни облоги.[10] Ткаенината може да биде водоотпорна и отпорна на туткање.[11]