Поткарпатско Војводство
војвојдство во Полска / From Wikipedia, the free encyclopedia
Поткарпатско Војводство (полски: województwo podkarpackie) — војводство на крајиот југоисток на Полска. Седиште и најголем град е Жешув. Сè до 1945 г. оваа улога ја имал Лавов, кој потоа прешол во Украина.
Поткарпатско Војводство województwo podkarpackie | |||
---|---|---|---|
војводство | |||
Местоположба во Полска | |||
Окрузи во Поткарпатското Војводство | |||
Земја | Полска | ||
Capital | Жешув | ||
Окрузи | 4 градски, 21 земски * | ||
Површина | |||
• Вкупно | 17.844 км2 (6,890 ми2) | ||
Население (2014) | |||
• Вкупно | 2.129.187 | ||
• Густина | 120/км2 (300/ми2) | ||
• Градскo | 850.022 | ||
• Селско | 1.246.949 | ||
Рег. таб. | R | ||
Мреж. место | wrota.podkarpackie.pl | ||
|
Создадено е на 1 јануари 1999 г. од дотогашните војводства Жешувско, Пшемишлско, Кросненско и (делумно) Тарнувско и Тарнобжешко, согласно управната реформа усвоена претходната година. Наречено е по блиските планини Карпати и опфаќа две историски области — западниот и северозапдниот дел припаѓаат на Малополска, а остатокот е во областа Црвена Русија. Во меѓувоениот период (1918-1939), Поткарпатското Војводство бил во помалку развиениот дел на земјата. Кон средината на 1930-тите, полската држава отпочнала големоразмерна индустријализација, создавајќи го Централниот индустриски округ. Со програмата се основани неколку крупни фабрики за оружје како ПЗЛ „Мјелец“, ПЗЛ „Жежув“, „Хута Сталова Вола“ и разни производни заводи во Дембица, Нова Демба, Санок, Тарнобжег и Нова Сажина.
Се граничи со Малополското Војводство на запад, Светокришкото на северозапад, Лублинското на север, Украина на исток и Словачка на југ. Зафаќа површина од 17.844 км2 и има население од 2.129.187 жители (2014). Војводството е претежно планинско, со исклучок на северозападниот дел, кој е рамничарски. Позначајни планини се Бјешчадите и Бескидите. Има висок степен на пошуменост (35,9 %) и во себе го опфаќа целиот национален парк Бјешчади и делови од националниот парк Магура.