From Wikipedia, the free encyclopedia
Правило на третините — правило кај композицијата во ликовната уметност како сликарството, фотографијата и дизајнот.[1] Правилото гласи дека сликата треба да се замисли како да е поделена на девет подеднакви делови со две хоризонтални и две вертикални линии, и дека важните композициони елементи треба да се поставуваат долж тие линии или во нивинте пресеци.[2] Застапниците на оваа теза тврдат дека ако субјектот се порамни со овие точки, тоа создава повеќе тензија, енергија и интерес во композицијата отколку просто поставање на субјектот во средина.
Фотографијата десно е пример за примена на правилото на третините. Хоризонтот лежи на хоризонталната линија која ја дели долната третина на фотографијата од горните две третини. Дрвото стои на пресекот на две линии, наречена и „точка на моќта“. Точките на интерес на фотографијата всушност не мораат да ги допираат овие линии за сепак да го користат правилото на третините. На пример, најсветлиот дел од небото близу хоризонтот каде сонцето неодамна зашло не лежи директно на една од овие линии, но затоа лежи близу пресекот на две други линии, доволно блиску за да го искористи правилото.
Правилото натретините се применува со порамнување на субјектот со раководните линии и нивните точки на пресек, ставајќи го хоризонтот на најгорната или најдолната линија, или пак со порамнување на линераните елементи на сликата за да се прелеваат од еден дел во друг. Главната причина за користењето на правилото на третините е да се одбегне поставување на субјектот во средината, или да се спречи хоризонтот да ја дели сликата на половина.[3]
При фотографирање или снимање на луѓе, честа практика е телото да се порамни со вертикалната линија, а очите да се порамнат со хоризонталната линија. При снимање на субјект во движење, честопати се следи истата шема, со тоа што најголемиот дел од преостанатито простор се остава пред човекот (онаму каде што се движи).[4]
Правилото на третините се јавува уште во 1797 г. како правило за пропорционирање на пејзажни ликовни дела.[5]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.