Прва хунта
From Wikipedia, the free encyclopedia
Прва хунта или Примера хунта (шпански: Primera Junta) е името на првата влада на независни Обединети Покраини на Рио де ла Плата, денес Аргентина. Оваа хунта или влада била основана на 25 мај 1810 година како директен резултат на Мајската револуција. Првично хунтата била составена само од претставници од Буенос Аирес. Како што се очекувало, хунтата се проширила со претставници и од останатите поранешни покраини на Вицекралството Рио де ла Плата кои за кои се очекувало да се приклучат на федерацијата (освен Парагвај, подоцна Банда Ориентал и Горно Перу). Во историјата, проширениот состав на хунтата е познат како „Голема хунта“ (Junta Grande). Седиштето на хунтата била Тврдината на Буенос Аирес, на локацијата на денешната Каса Росада, Буенос Аирес. Таа тврдина од 1776 година се користела како седиште на вицекралот.
Примера хунта Primera Junta Прва хунта | |
---|---|
Обединети Покраини на Рио де ла Плата | |
Тип | |
Тип | Централна врховна хунта |
Историја | |
Основан | 25 мај 1810 (Мајска револуција) |
Распуштен | 18 декември 1810 |
Претходен состав | Вицекралство Рио де ла Плата |
Следен состав | Хунта гранде |
Водство | |
Претседател | Корнелио Саведра |
Членови | |
Секретари | Маријано Морено, Хуан Хосе Пасо |
Избори | |
Последни избори | Мајска револуција |
Зборно место | |
Тврдина на Буенос Аирес |