Премиер на Прусија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Премиерот или поточно Министер-претседателот (германски: [Ministerpräsident] Error: {{Lang}}: text has italic markup (help)) на Прусија е функција што постоела во еден или друг облик од 1702, па сè до правното укинување на Прусија во 1947. Во времето кога Прусија била независно кралство (од 1701), премиерот имал улога на главен министер на кралот и претседавал со Пруското собрание (основано во 1848). По обединувањето на Германија во 1871 до укинувањето на царството во 1918, премиерот ја извршувал функцијата заеднички со царскиот канцелар. Во Вајмарската Република, премиерот станал шеф на владата. Во 1935 Прусија нацистите ја укинуваат Прусија како покраина, и така функцијата станува чисто формална без никаква вистинска власт и надлежност и сосем исчезнува по II светска војна.