Преспанско Езеро
езеро во Вардарска Македонија, Егејска Македонија и Албанија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Преспанско Езеро — природно езеро кое го делат три држави: Македонија (најголем дел), Грција и Албанија. Во рамките на Македонија, тоа се наоѓа во југозападниот дел од земјата. Претставува важно водно живеалиште и затоа е прогласено за рамсарско место. Прогласено е за споменик на природата во 1977 година.
Преспанско Езеро | |
---|---|
Satelitska-Prespansko.jpg | |
Место | Македонија, Албанија, Грција |
Координати | 40°54′N 21°02′E |
Вид | тектонско |
Земји во сливот | Македонија, Албанија, Грција |
Најг. должина | 28 км |
Најг. ширина | 17 км |
Површина | 276,40 км2 |
Прос. длабочина | 54 м |
Најг. длабочина | 76 м |
Надм. височина на површината | 853 м |
Замрзнато | 2002 |
Острови | Голем Град, Мал Град |
Преспанско Езеро се соочува со сериозна еколошка катастрофа.[1] Во 2020 година е забележано најголемото досегашно опаѓање на нивото на езерото, кое на места изнесува минус 250 до 260 сантиметри во висина, односно под нормалното ниво на водостојот.[2] Нивото на водата е намалено за 9 метри, а зафатнината за 50 %, крајбрежната линија е повлечена за 3,5 км, има исушени блата, мал дотек на чиста, свежа и богата со кислород вода, големо присуство и концентрација на сулфати и пестициди, продор на сончевите зраци до дното, дислокација и наголемување на количината и просторот со присуство на разни видови алги, намалената чистота на водата и друго.