Хамбуршко пристаниште

From Wikipedia, the free encyclopedia

Хамбуршко пристаништеmap

Пристаништето Хамбург (германски најчесто: Hamburger Hafen) е пристаниште во Хамбург, Германија, на реката Елба. Пристаништето се наоѓа 110 километри од устието на Елба во Северното Море.

Кратки факти Пристаниште Хамбург Hamburger Hafen, Местоположба ...
Пристаниште Хамбург
Hamburger Hafen
Thumb
Ландунгсбрикен („Jetties“), во квартот Занкт Паули
Местоположба
ЗемјаГерманија
МестоХамбург
Податоци
Отворено7 мај 1189
од Фридрих I
СтопанисувачПристанишни власти Хамбург
Hamburger Hafen und Logistik AG (HHLA)
СопсвеникПристанишни власти Хамбург
Видвештачко
Копнена површина4,331 km2 (1,672 ми)
Големина7,399 km2 (2,857 ми)
Вработени10.000 (2004)
Статистики
Дојдовни пловила12.217
Годишен контејнерски обем 9.737,110 TEU (2008)
Годишен приход 44,4 милиони (2004)
Главни тргувањаосновни фармацевтски материјали, кафе, зачини, теписи, хартија
Портал
www.hafen-hamburg.de
Затвори
Thumb
Сателитска слика на Хамбург. Пристаништето Хамбург се наоѓа долж јужниот брег на реката Елба и бројните речни ракави.

Нарекувано е германска „порта кон светот“ и е најголемо пристаниште во Германија. Тоа е второ најпрометно пристаниште во Европа (по тоа во Ротердам), по поглед на капацитетот и 11-то најголемо во светот. 9,74 милиони контејнери биле тргувани во Хамбург во 2008.

Пристаништето покрива површина од 73,99 км2 (64,80 км2 корисна), од кои 43,31 км2 (34,12 км2) се земјена површина. Местото е природна предност на разграноците на Елба, создавајќи идеално место за пристаништен комплекс со складови и бродски објекти. Продолженото слободно пристаниште исто така овозможува бесплатен превоз.

Историја

Историјата на пристаништето е скоро стара колку и самата историја на Хамбург. Основано на 7 мај 1189 од Фридрих I поради неговата стратешка локација, било главно пристаниште на Средна Европа со векови и дозволувајќи му на Хамбург да се развие рано во водечки град на трговијата и на гордата буржоазија.

Во текот на Ханзата од 13-от до 17-от век, Хамбург бил сметан за втор, веднаш зад пристаништето и градот Либек, во поглед на неговата позиција како централелн трговски јазол за поморската трговија.

Во текот на втората половина на 19-от век, Хамбург станал главно место за прекуокеанските патници и товарниот сообраќај во Средна Европа и од 1871, па натаму, бил главно пристаниште за трговија на Германија. Линијата Хамбург-Америка била во тоа време, најголема бродска компанија во светот. Слободното пристаниште, основано на 15 октомври 1888 дозволувало на трговците да ги пренесат и складираат добрата без да поминат низ царината, што дополнително ја зајакнала позицијата на Хамбург во поморската трговија со соседните држави. Молдаухафен имал сличен договор, ама единствено и исклучиво со Чешка.

Speicherstadt, една од архитектонските икони денес во Хамбург, е голема складишна зона од 350.000 м² на северниот брег на реката, изградена во 1880-тите, како дел од слободното пристаниште и справувањето со големите количини на складирани добра во пристаништето.

Бродоградилиштето Хамбург ги изгубило своите флоти двапати по Првата и Втората светска војна и по поделбата на Германија помеѓу 1945 и 1990, Пристаништето Хамбург ја изгубило поголемиот дел од својата непосредна околина и како последица на тоа многу од трговските врски. Меѓутоа, по германското реобединување, падот на Железната завеса и проширувањето на ЕУ, Хамбург постепено станува едно од најголемите логистички центри во Европа и едно од најпрометните и најголемите светски морски пристаништа.

Прославата на роденденот на пристаништето (Hafengeburstag) секоја година се одржува во првиот викенд на мај е еден од најголемите јавни настани во Хамбург. Посетителите доаѓаат од цела Германија и Европа да ја доживеат прославата.

Пристап

Продлабочувањето на реката Елба за големи пловни објекти е контроверзно поради еколошки причини. Делумно се должи на соработката со Долна Саксонија и Бремен за изградба на ново контејнерско пристаниште (JadeWeserPort) во длабоките води на Jadebusen во Вилхелмсхафен, Хамбург се откажал од овој план по промената на владата во 2001.

Терминали

Повеќе информации Пристаниште, Оператор ...
ПристаништеОператорВидСидриштаДолжина на кејотКранови на кејотПовршина (Ha)Капацитет (kTEU)
EUROGATE контејнер терминал Хамбург (CTH)EUROGATEконтејнер62.050 м211402.900 [1]
Контејнерски терминал Алтенвердер (CTA)HHLAконтејнер41.400 м26110> 3.000 [2]
Контејнерски терминал Бухардкај (CTB)HHLAконтејнер82.850 м221405.200 [3]
Контејнерски терминал Толерорт (CTT)HHLAконтејнер41.000 м840950 [4]
Терминал Buss Hansaповеќенаменски840 м930
Терминал Buss Rossповеќенаменски230 м1
Штајнвегтоварно1.150 м4250
Терминал Buss Hansaтечен товар840 м
Elbe MineralölwerkeRoyal Dutch Shellтечен товар8/брод
Vopak Terminal HamburgVopakтечен товар840 м9720,000 cbm5.000
Затвори

Крстарење

Хамбург е главно одредиште за бродовите за крстарење, но исто така и главно место за бродоградбата.

Thumb
Панорамска слика на пристаништето Хамбург

Култура

Thumb
Flussschifferkirche (Пловна црква)

Пристаништето Хамбург е исто така една од најголемите атракции а Хамбург, како и станбен, индустриски и логистички центар, но исто така и како позадина на современата култура и пристанишната историја. Во него се наоѓаат различни бродови-музеи, музички театри, барови, ресторани и хотели - дури и пловечка брод-црква.[5]

Туристичките бродски прошетки во пристаништето се нарекувани he lüchts (долногермански за тој лаже), откако често пристанишните работници им довикуваат на туристите, откако ќе ги слушнат приказните на туристичките водичи.

Поврзано

  • Елба 17

Наводи

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.