Програмски преведувач
From Wikipedia, the free encyclopedia
Програмски преведувач или компајлер (од англиски: compiler) е сметачки програм (или множество програми) кои го преведуваат текстот напишан во т.н. сметачки јазик (изворен јазик) во друг сметачки јазик- целниот јазик. Оригиналниот текст којшто му го даваме на сметачот да го преведе се нарекува изворен код, додека излезниот код се нарекува објектен код. Обично излезот е во форма со која можат да се обработуваат други програми, но може да биде и форма читлива за човекот-текстуална податотека.
Најзначајна причина поради која би сакале да го преведеме изворниот код е да создадеме т.н. извршна програма. Името ’компајлер’ првично се користело за преведување на кодови од вишите програмски јазици во нижи програмски јазици, на пример од асемблерски јазик во машински јазик. Додека програмот којшто преведува од нижи програмски јазици во виши се нарекува декомпајлер.
Обично компајлерот ги изведува следниве активности: лексичка анализа, предобработка, расчленување, семантичка анализа, оптимизација на кодот, создавање на код.