From Wikipedia, the free encyclopedia
Протуберанција — голема, светла, гасовита целина која се издолжува кон надворешниот дел од површината на Сонцето, често во формата на короналниот циклус. Протуберанцијата е зацврстена за површината на Сонцето во фотосферата, и се истегнува нандвор кон Сончевата корона.Додека короната се состои од екстремно жешки јонизирани гасови, познати како плазма, кои не емитуваат многу од видливата светлина, протуберанцијата содржи многу поладна плазма, слична во составот со таа во хромосферата.Плазмата во протуберанцијата е најчесто стотици пати поладна и погуста од короналната плазма. Протуберанцијата се образува во текот на еден ден,а може да издржи во короната неколку недели или месеци.Некои протуберанции се распаѓаат и тогаш можат да создадат исфрлање на масата од короната.Научниците проучуваат како и зошто протуберанциите се формираат.
Протуберанцијата се формира во текот на еден ден,а може да издржи во короната неколку недели или месеци,разделувајќи и одврзувајќи се илјадници милји во вселената.
Материјалот кој свети во црвена боја е плазма,топол гас кој се состои од електрично наполнети водород и хелиум. Протуберанцијата се разлева низ заплеткани и искривени структури во магнетните полиња генерирани од сончевата внатрешна сила.Ерупција на протуберанцијата се случува кога таквата структура станува нестабилна и експлодира однадвор,ослободувајќи ја плазмата.
просечната протуберанциија се протега неколку илјадници километри, најголемата досега измерена и предвидена протуберанциија имала должина од 800.000 км[1] – грубо колку полупречникот на Сонцето.
Првиот детализиран опис на сончевата протуберанција бил во 14-ти векКодексот на Лаурентиан,кој ја опишувал затемнувањето на Сонцето на 1 мај 1185 г. Тие биле опишани како "пламени јазици на живата искра".[2][3]
Кога протуберанцијата е набљудувана од различни перспективи така што е насочена спроти Сонцето,а не наспроти вселената,изгледа потемна отколку околината која ја опкружува.Ваквото формирање е наречено сончев филамент.[1] Веројатно е проектирањето да биде и филамент и протуберанција.Некои протуберанции се толку моќни што исфрлаат маса од Сонцето во вселената со брзини кои достигнуваат од 600 км/s до повеќе од 1000 км/s. Други протуберанции од огромни разврзувања или колони на наклон од светлечки гасови над сончевите точки што можат да достигнат висини од стотици илјади километри.Протуберанциите можат да опстанат од неколку дена до неколку месеци.[4]
„Протуберанција“ на Ризницата ? |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.