Пума
From Wikipedia, the free encyclopedia
Пума (латински: Puma concolor), исто така позната како кагуар или планински лав, во зависност од регионот — цицач од семејството на мачките кој живее во Америка. Оваа голема осамена мачка има поширок ареал од сите други животни на западната полутопка[3], распространета од Јукон во Канада, до јужниот дел на Андите во Јужна Америка. Пумата е многу прилагодлив вид и може да се најде во секое поголемо американско живеалиште. Пумата е втора најтешка мачка на американскиот континент по јагуарот, a четвртa во светот заедно со леопардот, по тигарот, лавот и јагуарот, иако е повеќе во сродство со помалите мачки.
Пума [1] Период: Среден плеистоцен до денес | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Цицачи |
Ред: | Ѕверови |
Семејство: | Мачки |
Род: | Пума |
Вид: | P. concolor |
Научен назив | |
Puma concolor (Linnaeus, 1771) | |
Распространетост на пумата |
Како вешт грабливец, пумата има широк спектар на пленови. Основен извор на храна му се копитарите како елен, лос, муфлон, како и домашно говедо, коњи, овци, пред сè во северните делови на неговиот ареал, но лови и мали инсекти и глодачи. Пумата претпочита живеалишта со густи грмушки и камени површини за прикрадување, но може да живее и на отворен простор. Таа е територијално животно и преживува во мала бројност на популацијата. Големината на поединечната територија зависи од теренот, растителноста и изобилството на плен. Иако тоа е голем грабливец, не е секогаш доминантен вид во неговиот ареал кога се натпреварува за плен со други грабливци како што се јагуарот, сивиот волк, американската црна мечка и гризли мечката. Пумата е самотна мачка и обично ги избегнува луѓето. Нападите врз луѓето се ретки, и покрај скорешната зачестеност.[4]
Поради прекумерното ловење што следувало по европската колонизација на Америка, и продолженото човеково развивање врз живеалиштата на пумите популацијата се намалила во повеќето делови од нејзините историски граници. Пумата, особено била истребена во источна Северна Америка, а останала да постои една изолирана суб-популација во Флорида; животното може да ги реколонизира деловите од својата поранешна источна територија. Со својата голема разновидност, пумата има дузина имиња и различни наводи во митологијата на домородните Американци и во современата култура. Пумата неодамна се врати во државата Вајоминг, каде што моментално ја има најголемата популација во Северна Америка.