![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/7/70/Nhb-exterior-020.jpg/640px-Nhb-exterior-020.jpg&w=640&q=50)
Разузнавачка служба
From Wikipedia, the free encyclopedia
Разузнавачка служба е владина агенција одговорна за собирање, анализа, и експлоатација на информации со цел поддршка на спроведувањето на законот, националната безбедност, војската, и надворешната политика.[1]
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/7/70/Nhb-exterior-020.jpg/640px-Nhb-exterior-020.jpg)
Средствана на прибирање на информациите се отворени или тајни и може да вклучуваат шпионажа, пресретнување на комуникациите, криптоанализа, соработка со други институции и оценка на јавните извори.
Разузнавачките служби можат да ги обезбедат следниве услуги на нивните влади.
- Да дадат рано предупредување за претстојна криза;
- Служат на националното и меѓународното управување со кризи преку помагање да се спознаат намерите на тековните или потенцијалните противници;
- Да го информира националното планирање на одбраната и воените операции;
- Да ги заштити доверливите тајни за информации, како оние добиени од сопствени извори и активности, така и од другите државни служби;
- Може да дејствува тајно да влијае врз исходот на настаните во корист на националните интереси, или да влијае врз меѓународната безбедност; и
- Да штити од влијанието и дејствата од други национални разузнавачки служби (контраразузнавање).