Рак на усна празнина
From Wikipedia, the free encyclopedia
Поимот рак во усната празнина се однесува на сите тумори во усната празнина-тумори на устата, јазикот, образот, непцата, ортофаринксот или горниот дел на грлото. Овие тумори речиси секогаш се создаваат во плочестите клетки кои ја обвиткуваат розовата слузница на усната празнина. Иако ракот може да се шири на главата и на вратот, ретко се шири на другите делови на телото. Понекогаш, ракот во усната празнина се развива од некои други болести во усната празнина: еритроплактијата, за која показател може да биде кадифено црвено парче во усната празнина и секогаш се смета за предканцирогена состојба; леукоплактијата, што ја одликува белузлаво ткиво кое понекогаш претставува предканцерогена состојба. Еритроплактијата и леукоплактијата се тесно поврзани со претераната употреба на алкохол и тутун, како и повеќето карциноми во усната празнина. Како и другите видови рак, ракот на усната празнина најдобро се лекува, ако, се открие рано. За среќа, често да ги почувствувате сомнителните промени на ткивото што може да укажува на рак на усната празнина. Вкупната стапка на петгодишно преживување по откривањето на ракот во усната празнина е поголема од педесет проценти. Ако почне да се лекува на време, девет од десет заболени преживуваат подолго од пет години, а повеќето се целосно излекувани.
Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување во врска со темите од областа на медицината (здравјето). |
Рак на усна празнина | |
---|---|
Специјалност | Онкологија, Орална и максилофацијална хирургија |